Делчевските матуранти на Саемот за образование и кариера 2026 – чекор поблиску до вистинскиот избор

Учениците од четврта година денеска го посетија Саемот за образование и кариера 2026, кој се одржа во Skopje City Mall, во кино салата на Cineplexx, во организација на Студентарија.

На овој голем и значаен настан присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Матурантите имаа можност одблизу да се запознаат со факултетите во државата, условите и начинот на студирање, можностите за стипендии, студентскиот стандард, како и со потребните знаења и вештини што ги бара современиот пазар на трудот.

Во рамки на саемот, учениците присуствуваа и на панел-дискусијата „Што после средно – како да не се изгубиш во изборот“, каде што добија корисни насоки и практични совети за правилен избор на студии и градење на идната професионална кариера.

Придружувани од кариерните советници Сања Димитровска и Весна Димитровска, учениците активно се вклучија во активностите, поставуваа прашања и покажаа сериозен интерес за својата академска и професионална иднина.

Ваквите настани претставуваат значајна поддршка во процесот на кариерно насочување на младите и им помагаат на матурантите полесно и посигурно да донесат информирани одлуки за своето понатамошно образование.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*