„Нашето училиште од соништата“ – креативна работилница во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево

Детската фантазија денес беше главниот архитект во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, каде што се одржа креативно-едукативната работилница „Нашето училиште од соништата“. Преку цртежи, дизајн и разговор, децата создадоа визии за училиште исполнето со бои, насмевки, природа и нови идеи – простор во кој учењето е радост.

Со многу инспирација и имагинација, малите учесници покажаа дека соништата за подобро училиште започнуваат токму од нивната перспектива. Работилницата поттикна слободно изразување, тимска работа и размислување за иднината на образованието.

Настанот беше реализиран во соработка со Искра Георгиевска, претставник на Американски совети во Делчево, на која ѝ благодариме за поддршката, енергијата и посветената работа со децата.

ЈЛБ „Илинден“ – Делчево и понатаму останува место каде што идеите растат, а детските соништа добиваат форма

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*