НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево реализираше фолклорна работилница за сценско движење

Фолклорна работилница на тема „Сценско движење“ денеска беше успешно реализирана од страна на Национална установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, со учество на играорците од третата група, на возраст од 10 до 13 години.

Работилницата траеше 60 минути и се одвиваше согласно планираната програма, во позитивна и мотивирачка атмосфера. Во текот на активностите, учесниците работеа на загревање и правилно растегнување, вежби за развој на ритам и координација, учење и повторување на фолклорно оро, како и на вежби за сценско движење и подготовка за настап.

Од установата информираат дека децата покажале голем интерес, посветеност и дисциплина при изведувањето на активностите. Со ентузијазам и тимска работа, тие успешно ги совладувале чекорите и движењата, развивајќи ја својата музикалност, координација и самодоверба на сцена.

Работилницата ги исполнила планираните воспитно-образовни цели и придонела за негување и афирмација на македонската фолклорна традиција кај најмладите.

Од Национална установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел континуирана едукација и сценска подготовка на младите играорци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*