
На ден 19.03.2026 година (четврток), во Струмица се одржа Државното првенство во шах, на кое учество земаа и ученици од нашето училиште.
Под менторство на наставниците Сашо Мицевски и Горан Гоцевски, ученици од ООУ ,,Св Кирил и Методиј” се натпреваруваа во две категории и достојно го претставија училиштето, покажувајќи знаење, концентрација и вистински спортски дух.
Во категоријата од I до V одделение, во конкуренција од 55 ученици, беа постигнати следните резултати:
♟️ Алекс Ѓорѓиевски – 16 место (4 поени),
♟️ Климент Атанасовски – 32 место (3 поени),
♟️ Ненад Петровски – 38 место (2,5 поени),
♟️ Димитар Андоновски – 46 место (2 поени).
Во категоријата од VI до IX одделение, во конкуренција од 79 ученици:
♟️ Немања Костадиновски – 50 место (2,5 поени),
♟️ Матеј Атанасовски – 54 место (2,5 поени),
♟️ Јане Ситновски – 55 место (2,5 поени),
♟️ Коста Петровски – 56 место (2,5 поени).
Ова Државно првенство претставуваше одлично искуство за нашите ученици, можност за стекнување нови знаења, пријателства и натпреварувачки дух.
👏 Им честитаме на сите ученици за вложениот труд, упорноста и храброста да се натпреваруваат на едно вакво ниво. Веруваме дека ова е само почеток на нивниот понатамошен успех во шахот!, се вели во објавата на училиштето.

Leave a Reply