Здружението на пчелари ПИЈАНЕЧКА ПЧЕЛА ДВА Делчево за прв пат во Делчево организира Саем на Пијанечкиот мед како дел од манифестацијата Денови на Пијанечкиот мед. За таа цел во тек е пријавувањето за учество на настанот, за што претседателот Јованчо Медарски го упати следното соопштение:
-Ги повикувам колегите пчелари кои се заинтересирани да земат учество на саемот да се пријават најдоцна до 05.04.2026 година на тел. 071 265 911 кај колегата Миле Илиевски. Воедно Ве повикувам да ја исполните Вашата пчеларска обврска за донирање по една тегла мед за да можеме до крај да ја реализираме програмата на манифестацијата. Благодариме на соработката и Медно, се вели во соопштението.

Leave a Reply