Едукативни работилници во ПУ с. Црник: Подигнување на свеста кај младите за трговија со луѓе и семејно насилство

Денеска во Подрачното училиште во село Црник, во соработка со Општина Пехчево, беа реализирани две значајни едукативни работилници наменети за учениците од предметна настава. Работилниците беа посветени на актуелни и сериозни општествени теми – трговија со луѓе и семејно насилство.

Целта на овие активности беше подигнување на свеста кај младите, нивно навремено информирање и едукација за препознавање на ризиците, како и начини за заштита и правилна реакција во потенцијално опасни ситуации.

Како предавачи учествуваа стручни лица од Министерството за внатрешни работи:

  • Помошник командир од ОВР Берово, Елена Спасевска
  • Самостоен инспектор за превенција од РЦ за ГР Исток, Виолета Илиевска
  • Инспектор во ПС за ГП и ГН Делчево, Ивица Ѓорѓиев

Преку интерактивен пристап, учениците имаа можност да се запознаат со конкретни примери и реални ситуации, да поставуваат прашања и активно да учествуваат во дискусии. Овој начин на работа овозможи подобро разбирање на темите и поттикна критичко размислување кај младите.

Организаторите истакнаа дека ваквите едукативни активности се од особено значење за правилен развој на учениците и за градење на безбедна и информирана заедница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*