Градоначалникот Петар Ружински им посака успешна работа и нови знаења на младите кои ќе учествуваат во проект за размена на искуства
Ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово во наредниот период ќе бидат дел од проект за размена на искуства во рамки на програмата Еразмус+, преку која ќе стекнуваат нови знаења, искуства и пријателства.
По тој повод, градоначалникот Петар Ружински оствари средба со учениците, при што им посака среќен пат, успешна работа и многу инспирација од секое ново место што ќе го посетат.
„Нека ја искористат можноста да научат, да напредуваат и да се вратат побогати со знаење, кое ќе го применат дома“, истакна Ружински.
Тој нагласи дека Општина Берово и понатаму ќе продолжи да ги поддржува младите и нивниот развој, потенцирајќи дека токму младите се иднината на општината.
Со ваквите активности, учениците добиваат можност да ги прошират своите хоризонти, да стекнат меѓународни искуства и достојно да го претстават Берово надвор од границите на државата.


Leave a Reply