Преку активноста, учениците беа информирани за ризиците и последиците од управување моторно возило под дејство на алкохол, како и за значењето на одговорното однесување во сообраќајот.
Во рамки на средбата беше обработена и темата за трговија со луѓе, при што на матурантите им беа презентирани информации за препознавање на ваквите појави и начините за заштита.
Од училиштето посочија дека ваквите едукативни активности се значајни за подигнување на свеста кај младите за личната и колективната безбедност, нагласувајќи дека безбедноста е заедничка одговорност и дека животот нема цена.
Пораката што беше упатена до младите е дека возењето и алкохолот не одат заедно, односно – „Не пиј ако возиш – ако пиеш, не вози“.

Leave a Reply