Ораторска вечер во Берово по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, во Бизнис инкубаторот во Берово на 30 април со почеток во 18:30 часот ќе се одржи ораторска вечер посветена на убавиот збор, силните пораки и љубовта кон македонскиот јазик.

Настанот е во организација на Ана Шоповска и Иван Стојановски, во соработка со Општина Берово, а има за цел да ја поттикне говорната култура, креативното изразување и почитувањето на македонскиот јазик меѓу младите.

Во рамки на вечерта учесниците ќе настапат со свои ораторски изведби, а стручно жири ќе ги оценува настапите. За трите најдобри учесници се предвидени награди.

Организаторите упатуваат покана до граѓаните да бидат дел од оваа инспиративна вечер и да ја поддржат младинската креативност и љубовта кон македонскиот јазик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*