Брегал на „Hannover Messe 2026“ – во срцето на индустриската иднина

Компанијата „Брегал“ учествува на „Hannover Messe 2026“, најголемиот индустриски саем во светот, каде што се претставуваат најновите технологии и се дефинираат идните трендови во индустријата.

Како што информираат од компанијата, оваа година саемот обединил над 3.000 изложувачи, со посебен фокус на вештачка интелигенција (AI), автоматизација и роботика, како и иновативни решенија кои веќе ја трансформираат современата индустрија.

Претставниците на „Брегал“ имале можност да се запознаат со напредни технологии, меѓу кои паметни AR очила со AI препознавање на лица и возила, како и системи за безбедност, индустриски процеси и комуникација во реално време.

Дополнително, биле презентирани и современи решенија за дигитализација и автоматизација на производствени процеси, кои се сметаат за клучен сегмент во развојот на Индустрија 4.0.

Од „Брегал“ истакнуваат дека јасна порака од саемот е дека иднината на индустријата е во паметни, автоматизирани и меѓусебно поврзани системи.

„Нашата цел е да ги следиме најновите светски трендови и да ги пренесеме современите решенија на нашиот пазар, со што ќе придонесеме за зголемување на конкурентноста и модернизација на индустријата“, порачуваат од компанијата.

„Брегал“ најавува дека и во иднина ќе продолжи со активно следење и имплементација на иновативни технологии од областа на автоматизацијата и дигиталната трансформација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*