Осветени новите простории на „Бравура кооператива“ во Делчево

На 7 мај 2026 година, на покана на директорот Александар Николов и во присуство на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, како и на бројни гости, беше извршен чинот на осветување на новите службени простории на здружението „Бравура кооператива“ од Делчево. Со чинот началствуваше Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г. Марко.

Во новите простории, здружението „Бравура кооператива“ ќе ги продолжи своите тековни активности насочени кон младински активизам, поддршка на социјално ранливите категории и помош на лица со попреченост, со цел унапредување на заедницата и поттикнување на хуманите вредности.

Присутните гости ја поздравија посветеноста на здружението во создавање подобри услови за работа и реализација на активности од јавен интерес, истакнувајќи дека ваквите иницијативи претставуваат значаен придонес за локалната заедница во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*