Промоција на „Детски бонтон“ со ученици од ООУ „Ванчо Прке“ во ЈЛБ „Илинден“

Во пријатна и едукативна атмосфера, денес во Јавната локална библиотека „Илинден“ се одржа настан посветен на најмладите читатели и нивното воспитување.

Гости во библиотеката беа учениците од IV-2 и IV-3 одделение при ООУ „Ванчо Прке“, кои имаа можност да присуствуваат на промоција на книгата „Детски бонтон“, подготвена од авторот Христо Петрески.

Настанот беше збогатен со невообичаен, но исклучително интересен час по физичко образование, кој се одржа во читалната на библиотеката. Под водство на наставничката по физичко и здравствено образование, Катерина Ивановска, учениците преку игра, разговор и практични примери учеа за правилата на убавото однесување.

Часот беше исполнет со насмевки, забава и позитивна енергија, а децата активно учествуваа и покажаа голем интерес за темата.

Од библиотеката упатија благодарност и до наставничките Бети, Даниела и Катерина за нивната посветеност и соработка во реализацијата на овој настан.

„Заедно заклучивме дека убаво е убавото однесување. Бонтонот се учи, а колку повеќе се практикува, толку полесно се усвојува“, порачаа од ЈЛБ „Илинден“.

Настанот уште еднаш ја потврди важноста на едукацијата за културата на однесување уште од најрана возраст, како и улогата на библиотеките како центри за учење и развој

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*