Здружението Амброзија, во соработка со ОЈУДГ 7ми Септември и локалните партнери, успешно ја реализираше активноста за изработка и поставување компостара за органски отпад, изработена преку ре-употреба на материјали. Активноста е дел од проектот „Циркуларна иднина: заедно ја креираме“, поддржан од ЕУ проектот „Граѓанското општество и младите за инклузиван и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“.
Со поставувањето на компостарата се овозможува одделно собирање и преработка на биоразградлив отпад (остатоци од храна и зелен отпад), со што директно се намалува количината на отпад што завршува на депонија. Компостарата ќе служи и како едукативен пункт за млади и граѓани – практичен пример за тоа како органскиот отпад може да се претвори во корисен ресурс (компост) за зелени површини и домашни/училишни градини, истакна Јасминка Пашалиска Андоновска, претседател на здружението „Аронија“.

Во период на 6 месеци, од ноември 2026 година како што дополни таа се реализираа повеќе насочени кон едукација на целните групи за подигање на свеста за придобивките од циркуларна економија со цел да се минимизира употребата на влезни ресурси и создавање отпад.
-Преку едукација за намалување на отпадот, со организирање на интернактиви и едукативни работилници се отпочна иницијатива за промена на навиките на луѓето, а преку соработката со институциите заеднички се имплементраа пилот активности за селекција и намалување на отпадот, како изработка на разни корисни предмети, реупотреба на материјалите, декупаж техника, додаде претседателката на здружението имплементатор на проектот.
Со проектните активности според неа се дава конкретен пример како може да се реализираат практични активности кои придонесуваат за почиста и поодржлива заедница преку селекција и намалување на отпадот.

Leave a Reply