Се гради нова водоводна канализација во делови од населбата Пролет во Делчево

Во населбата Пролет во Делчево започна реализацијата на проект за изградба на нова водоводна и канализациона мрежа во делови каде досега немало основна инфраструктура.

За почетокот на активностите информираше градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кој посочи дека со проектот се отвора ново поглавје за жителите на населбата.

„После долгогодишни ветувања, реализираме комплетно нова водоводна и канализациона мрежа во делови од населбата каде што досега немало основна инфраструктура. Продолжуваме со работа и дела за Делчево“, истакна Гоцевски.

Според информациите од Општината, со изградбата на мрежата ќе се подобрат условите за живот на жителите, ќе се овозможи поквалитетно водоснабдување и ќе се реши долгогодишниот проблем со канализациската инфраструктура во овој дел од градот.

Локалната самоуправа најави дека инфраструктурните активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел подобрување на комуналните услови во повеќе населени места и урбани средини во општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*