На 17-ти мај 2026 год., епископот Делчевско- каменички г. Марко, изврши канонска визитација во с. Габрово.
При посетата беше направен увид на досега изградените помошни простории при храмот ,,св. вмч. Димитриј’’. Епископот заедно со членовите на црковниот одбор разговараше и за идните активности поврзани со изградбата на нови помошни објекти.
По завршувањето на посетата, епископот оствари средба со претставниците на сите црковни одбори во Делчевско-каменичката епархија.
На средбата разговараше за тековноте предизвици и пречки со кои се соочуваат во нивното работење.
Потоа, од нивна страна беше реферирано за сѐ што досега е реализирано, како и за планираните активности што треба да се реализираат во иднина.

Leave a Reply