Денес на патрониот празник на ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, двајцата ученици на ова училиште Филип Цековски и Бојана Јовевска, заедно со тренерот на ППК Зегин Берово Јован Ковачовски беа на прием кај Градоначалникот на Општина Пехчево.
Филип Цековски – Државен првак до 13 години и Бојана Јовевска Државен првак до 13 и 15 години во пинг понг, заедно со нивниот тренер како дел од македонската пингпонгарска репрезентација ќе се натпреваруваат на Балканското првенство во пинг понг во Албена – Република Бугарија од 27 – 31 мај.
На овој прием Градоначалникот Китански им посака многу успех на ова натпреварување и горди сме што двајца репрезентативци во пингпонгарската репрезентација се токму од Пехчево. Општина Пехчево е горда на успесите на сите млади лица и секогаш ќе ги поддржува младите спортисти

Leave a Reply