Берово, 28 мај 2026 – Ученици од VIII и IX одделение од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ денеска ја посетија Општина Берово, во рамки на наставната програма по предметот граѓанско образование.
Посетата беше организирана со цел учениците одблиску да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа и нејзината улога во секојдневниот живот на граѓаните.
За време на посетата, учениците ги разгледаа просториите на општината и се информираа за работата на различните одделенија. Од страна на вработените им беа презентирани надлежностите на локалната самоуправа, начинот на реализација на општинските активности, како и процесот на носење одлуки од значење за локалната заедница.
Во рамки на средбата, учениците имаа можност да поставуваат прашања и да добијат практични информации за работата на институциите.
Од Општина Берово посочуваат дека ваквите едукативни активности придонесуваат за поголема информираност на младите за општествените процеси, развивање чувство на одговорност и поттикнување активно учество во заедницата.

Leave a Reply