Младата тенисерка Софија Петровска, со потекло од Делчево, забележа одличен настап на националниот државен турнир „Båstadtennis Corem Open – JSM Race 2026“, кој се одржа во Бостад, Шведска. Софија настапи во категоријата до 12 години (FS12 A), каде учество зедоа најдобрите 64 тенисерки од Шведска и Норвешка.
Турнирот се играше на дури 18 земјени терени, што дополнително ја зголеми конкуренцијата и предизвикот. Петровска турнирот го започна импресивно уште од првото коло (1/32 финале), каде за противничка имаше шведска репрезентативка. Во еден од нејзините најдобри натпревари, Софија убедливо славеше со 6:1, 6:0. Добрата форма ја продолжи и во следните рунди: 1/16 финале: победа со 6:3, 6:1 1/8 финале: сигурна победа со 6:2, 6:1 Четвртфинале: доминантни 6:2, 6:2.
Со овие резултати, таа обезбеди пласман во полуфиналето, каде одигра квалитетен и неизвесен меч. И покрај добрата игра, неколку поени го решија победникот, па Софија беше поразена со 3:6, 4:6. Интересен податок од турнирот е што сите четири полуфиналистки доаѓаа од истиот клуб – Gothia Tennis, што говори за силата и квалитетот на таа тениска школа.




Таткото на Софија, Тони Петровски изјави дека тие се презадоволни од настапот и постигнатиот резултат, нагласувајќи дека ова е голем успех со оглед на силната конкуренција.
Настапот на Петровска претставува уште еден доказ за нејзиниот талент и потенцијал, како и причина за гордост за македонската тениска јавност.
Софија ја очекуваме летово во Делчево и Прилеп каде го поминува дел од годишниот одмор со семејството.
Во продолжение ги пренесуваме импресиите на нашата млада надежна тенисерка:

Leave a Reply