Пехчевската поетеса и авторка Габриела Костадинова учествуваше на промоцијата на алманахот „104 години Такец“, која во Битола ја организираше Фондацијата „Такец“, а во кој е застапен и нејзиниот расказ „Единствен сине мој“.
Костадинова го изрази своето задоволство што нејзиното литературно творештво е дел од овој зборник, кој обединува автори и нивни дела посветени на книжевното творештво и на традицијата што ја негува Фондацијата „Такец“.

- Во организација на Фондација „Такец“ во Битола се одржа промоција на алманахот „104 години Такец“ од група автори. Чест и задоволство ми е што мојот расказ „Единствен сине мој“ е застапен во овој зборник, истакна Костадинова.
Таа посочи дека по промоцијата во Битола, алманахот ќе продолжи со своето претставување во Болоња, со што творештвото на македонските автори застапени во него ќе добие можност да биде претставено и пред поширока публика.

Учеството во алманахот е уште едно претставување на Костадинова надвор од Пехчево. Таа во изминатиот период учествуваше и на книжевни и културни настани во регионот, меѓу кои и на настан во Ниш, каде го претстави своето творештво.
Со своето литературно творештво Костадинова продолжува да придонесува кон афирмацијата на Пехчево и на авторите од источниот дел на државата, учествувајќи на книжевни средби, промоции и други културни настани.


Leave a Reply