Се воведува организирана услуга за собирање на комунален отпад во делчевските села Вирче и Стамер

За првпат жителите на селата Вирче и Стамер ќе добијат организирана услуга за собирање на комунален отпад, како дел од активностите за проширување на комуналните услуги и во руралните средини на Општина Делчево.

Во село Вирче веќе се поставени контејнери за собирање на комунален отпад, а услугата се очекува да започне наскоро. Во село Стамер, пак, поставувањето на контејнерите е предвидено да се реализира во текот на наредната недела.

Како што информира градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, активностите ги реализира ЈКП „Брегалница“ – Делчево, со цел проширување на опфатот на комуналните услуги и создавање услови за поорганизирано собирање и управување со отпадот во руралните населени места.

Од Општината посочуваат дека со проширувањето на услугата се очекува да се придонесе кон почиста животна средина и подобри комунални услови за жителите на Вирче и Стамер.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*