Во приградската населба „Басарица“ започна изградбата на нови улици и целосна подземна инфраструктура, со што трајно се решава долгогодишниот проблем со пристапот до домовите. Зафатот опфаќа делови од улиците „Ветренска“ и „Света Троица“ во должина од околу 200 метри, каде прво се поставува нова водоводна, фекална и атмосферска канализација, а потоа следува надземното уредување.
Градоначалникот Иван Гоцевски изврши увид во работите и истакна дека проектот обезбедува рамномерен развој на секое маало. Подземната мрежа ја изведува „ВОДВАР“, надземните работи се под „Гама градба“, а финансирањето е од Буџетот на Општина Делчево.

Leave a Reply