Останаа уште само неколку слободни места за „Менопауза стенд ап шоу со Тијана“ во Делчево

Љубителите на добрата комедија во Делчево имаат уште една можност да обезбедат место за стендап шоуто „Тијана“, кое ќе се одржи утре, 7 октомври 2026 година, во Спомен-домот АСНОМ.

Од организаторите информираат дека останале уште само неколку слободни места, па се повикуваат сите заинтересирани да не чекаат до последен момент и навреме да ја обезбедат својата влезница.

Стендап шоуто „Тијана“ е авторски проект со текст на Данило Вукотиќ, а режијата е на Раде Вукотиќ.

Почетокот на шоуто е закажан за 20:00 часот, а влезницата чини 500 денари. Билетите се достапни на билетарниците.

Организаторите ги повикуваат делчевчани да бидат дел од една вечер исполнета со хумор, смеа и добра забава.

Стендап шоу „Тијана“
📅 7 октомври 2026 (среда)
🕗 20:00 часот
📍 Спомен-дом АСНОМ – Делчево
🎟️ Влез: 500 денари

Останаа уште само неколку места – обезбедете ја вашата карта навреме!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*