Едукативна работилница за превенција од дијабетес во градинката „Бамби“ во Македонска Каменица

Во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица се одржа едукативна работилница посветена на превенцијата и навременото препознавање на дијабетесот, по повод Неделата за борба против ова заболување, која се одбележува од 10 до 16 октомври.

Работилницата беше наменета за вработените во градинката, а ја реализираше доктор Билјана Костадиновски, во соработка со ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево.

Преку едукативни содржини и разговор, присутните се запознаа со факторите на ризик за појава на дијабетес, препознавањето на раните симптоми, значењето на редовните здравствени контроли, како и мерките што можат да придонесат за спречување на ова заболување и неговите компликации.

На работилницата беше посочено дека информираноста, навременото препознавање на симптомите и усвојувањето здрави животни навики имаат значајна улога во грижата за сопственото здравје.

Со ваквите активности се придонесува кон подигнување на здравствената свест и унапредување на превентивната едукација во локалната заедница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*