Поради најавените врнежи од дожд и неповолните временски услови, традиционалната манифестација „Пијанечки денови на сливата 2026“ се одложува за еден ден и ќе се одржи на 4 ноември (среда).
Делчево, 3 ноември 2026 (Делчево365) – Општина Делчево информира дека традиционалната манифестација „Пијанечки денови на сливата 2026“, која беше најавена за денеска, 3 ноември, се одложува поради неповолните временски услови и најавените врнежи од дожд.
Нов термин за одржување на манифестацијата е среда, 4 ноември, во село Град, при што програмата и почетокот остануваат согласно претходно најавениот распоред.
Манифестацијата и годинава е посветена на сливата како еден од препознатливите симболи на Пијанец, како и на традицијата, богатството и автентичноста на делчевските села.
Од Општина Делчево им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и ги покануваат да присуствуваат на заедничкото одбележување на „Пијанечките денови на сливата“ в среда во село Град.

Leave a Reply