Младите таленти од МАСС Академи од Делчево со концерт во Пехчево

Под раководство на професорката Елена Ѓеорѓиевска, децата настапија со музички изведби на инструменти и песни, а на концертот учествуваше и хорот од Македонска Каменица

Со музика, песна и многу детска енергија, вечерва во Пехчево се одржа концерт на кој настапија младите таленти од МАСС Академи од Делчево, под раководство на професорката Елена Ѓеорѓиевска.

Младите музичари пред присутната публика ги покажаа своите музички способности, свирејќи на различни инструменти и изведувајќи песни. Дел од музичката програма беше и настапот на хорот од Македонска Каменица, кој дополнително придонесе за убавата атмосфера на концертот.

Организаторите упатија благодарност до сите деца учесници, публиката која присуствуваше на концертот, како и до родителите за поддршката што им ја даваат на младите таленти.

Посебна благодарност беше упатена до професорката Елена Ѓеорѓиевска за нејзината посветеност, љубов и енергија во музичкото образование на децата, како и за долгогодишната несебична соработка со институцијата во Пехчево.

Концертот беше уште една можност младите музички таленти од регионот да го покажат својот потенцијал и да ја споделат љубовта кон музиката со публиката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*