Инџија, Србија – Поетесата Габриела Костадинова од Пехчево беше единствената претставничка од Македонија на промоцијата на меѓународниот поетски зборник „Гарави сокак“, која синоќа се одржа во Инџија, Србија.
Промоцијата беше организирана од книжевниот клуб „Мирослав – Мика Антиќ“, а во зборникот се застапени поети од повеќе држави во светот, што му дава меѓународен карактер на ова книжевно издание.
За Габриела Костадинова учеството на овој настан претставуваше посебно задоволство, особено поради можноста да биде дел од меѓународна поетска средба и да ја претставува Македонија, но и родното Пехчево.
„Секогаш ја користам приликата гордо и достоинствено да го претставам моето Пехчево“, истакна Костадинова, изразувајќи благодарност до претседателот на книжевниот клуб, Александар Мијалковиќ, за гостопримството и добрата организација.
Учеството на Габриела Костадинова во зборникот „Гарави сокак“ претставува уште едно меѓународно претставување на поетското творештво од Пехчево и можност локалните автори да бидат дел од пошироката книжевна сцена.





Leave a Reply