ПЕХЧЕВО – Со цел да се слушне гласот на секој граѓанин и заеднички да се креираат решенија за локалните предизвици, Општина Пехчево ја најавува првата фаза од процесот на консултации преку традиционалниот Буџетски форум.
Почитувани граѓани, ова е ваша можност директно да влијаете врз развојот на средината во која живеете. Преку Буџетскиот форум имате шанса да учествувате во носењето клучни одлуки за подобрување на условите за живот, како и во соодветното насочување и распределување на општинските средства за буџетската 2027 година.
Со таа цел, Општина Пехчево упатува отворена покана до сите заинтересирани граѓани да присуствуват на Првата Форумска Сесија, која ќе се одржи на 13 ноември 2026 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Ресторан „Тропик“ во Пехчево.
Локалната самоуправа потсетува дека секој граѓанин може да придонесе со свои предлози, идеи и сугестии за решавање на секојдневните локални проблеми.
Вашиот глас е важен – дојдете заедно да ја креираме иднината на Општина Пехчево! се вели во официјалната покана за настанот.

Leave a Reply