Берово ќе биде домаќин и почетна локација на меѓународниот рели-раид натпревар B-RAID 2027, кој официјално е вклучен во календарот на Европската мотоциклистичка федерација (FIM Europe) за 2027 година.
Според информацијата објавена од градоначалникот на Берово, Петар Ружински, натпреварот ќе се одржи од 6 до 13 септември 2027 година, а ќе се вози на територијата на Македонија и Косово, со предвидена вкупна траса во должина од 1.640 километри.
Настанот се очекува да обедини натпреварувачи од повеќе земји и да донесе спортски предизвици, но и можност за меѓународна промоција на Берово и Малешевијата.
Од Општината оценуваат дека организацијата на ваков меѓународен спортски настан претставува можност за афирмација на природните убавини, туристичките потенцијали и гостопримството на регионот, како и за дополнително позиционирање на Берово како дестинација за спортски и авантуристички туризам.
Вклучувањето на B-RAID 2027 во календарот на FIM Europe претставува значајно признание за настанот и можност Берово да се најде на меѓународната мапа на рели-раид спортот.
Повеќе информации за натпреварот, програмата и учеството се достапни на официјалната веб-страница на организаторите: Hellas Rally – News Release.

Leave a Reply