Пуштен во употреба нов спортски терен во Македонска Каменица

Денес во дворот на гимназијата Миле Јаневски – Џингар во Македонска Каменица  беше пуштен во употреба спортски терен со тартан подлога кој е прв од ваков вид во Источна Макеоднија. Изградбата на теренот се реализираше на иницијатива на општина Македонска Каменица преку заеднички проект со Рудник САСА.
 
Градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова во рамки на денешното свечено пуштање во употреба на игралиштето, рече дека спортскиот терен е капитална инвестиција која најмногу ќе ја користат најмладите и спортистите.
 
-Остваривме и други проекти, ама некако овој ни е најдраг и најмил, затоа што игралиштето ќе го користат најмладите и спортистите, оние кои што се амбасадори на Македонска Каменица како во нашата држава така и надвор од неа. Задоволството е уште поголемо што рудник Саса ја препозна потребата да им излезе во пресрет на младите и спортистите и го реконструираше спортското игралиште со тартан подлога која што е прва од ваков вид во Република Македонија, рече Стаменкова.
 
Директорот на рудник Саса, Олег Телној рече дека изградбата на новиот спортски терен значи реализација на еден од најважните приоритети на младите .
 
-Како што знаете нашите деца се нашата иднина и од името на целата администрација на Рудник Саса сакаме да им се заблагодарам на нив и на вработените во општина Македонска Каменица што имавме можност да ги слушнеме приоритетите кои притоа успеавме да ги реализираме. Се надевам дека овие игралишта ќе бидат користени не само од екипата на Баскет Кам туку и од другите лица кои го сакаат спортот, истакна Телној.
 
Во рамки на проектот на површина од 800 метри квадратни е поставена стандардизирана ФИБА (FIBA) „спуртон“ подлога на која се наоѓа кошаркарски терен со стандардни димензии, модерни кош-конструкции, игралиште за мини фудбал и терен за популарниот „тенис со нога“.

Пуштено во употреба "школското" мултинаменско спортско игралиште во Каменица

Posted by delcevo365.mk on Friday, November 2, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*