Златен медал за ракометарките од Делчево од турнирот во Лесковац

Ракометните надежи од Делчево со златен медал се враќаат од Меѓународниот турнир на ракометни надежи кој по 13 пат се одржа во градот Лесковац, Република Србија. Како што информираше тренерот на екипата Горан Велков во финалниот натпревар генерацијата ракометарки родени 2004/05 година ја совладале екипата на РК ,,Наиса” од Ниш.
 
-Во изминатите три дена учествувавме на силниот ракометен турнир во Лесковац на кој пријавени беа 17 екипи од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Заедно со уште шест екипи од Македонија ја имавме можност да учествуваме на силниот турнир кој го организираше домашната екпа на РК ,,Метеор”. Со големо задоволство можам да кажам дека нашите млади ракометарки имаа добар турнир во кој се покажаа како најдобри и можам да кажам заслужено го освоија златниот медал, рече Велков.
 
Освен во женска конкуренција ракометната екипа од Делчево на турнирот учествуваше и со машка екипа. Ракометарите од генерацијата 2002/03 исто така имаше солиден настап освојувајки го четвртото место.
 
Освен екипата од Делчево на турнирот кој се одржа под покровителство на општина Лесковац, од Македонија учествуваа и екипите на ракометната академија „Алушевски“ од Скопје, Хераклеја и Феникс од Битола, Преспа и Младост од Ресен и екипата на ракометниот клуб Охрид.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*