На крводарителска акција во Делчево собрани 64 крвни единици

По пауза од еден месец крводарителите од Делчево денес имаа можност повторно да ја покажат хуманоста на дело и да подарат од капката која спасува човечки животи. Како што информираше Невенка Христова од Црвен крст Делчево денес хуманите граѓани ја остварија предвидената крводарителска норма.
 
-Денес во Делчево се одржа редовната крводарителска акција која ја организиравме со поддршка на Регионалниот центар за трансфузиологија од Скопје и службата за трансфузиологија при делчевскиот здравствен дом. Во рамки на акцијата денес имавме солиден одзив од страна на крводарителите кои подарија вкупно 64 крвни единици. Благодарност до сите кои беа дел од акцијата и допринесоа денес да имаме успешна крводарителска акција, рече Христова.
 
Додаде дека денес во рамки на акцијата заинтересираноста за дарување крв била подеднаква и кај припадничките на понежниот пол, но и кај редовните крводарители кои на секои три месеци ја користат можноста да ја покажат хуманоста на дело.
 
Инаку, ова е претпоследна крводарителска акција за оваа година. Последната која ќе се одржи со крводарителите од Делчево и Македонска Каменица е најавена за почетокот на месец декември.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*