Делчевскиот бомбардер Филип Петровски со 8 погодоци меѓу најдобрите поединци на Металург против Вардар

Ракометниот бомбардер од Делчево,  Филип Петровски со своите 8 погодоци беше меѓу најефикасните поединци во екипата на Металург од Скопје која сепак во рамки на шестото коло не успеа да слави над врсниците од младинската екипа на Вардар.

Петровски е ракометар кој речиси на секој натпревар е еден од најефикасните поединци во својот клуб. Игра во одлична форма и прашање на време е кога ќе биде забележан од селекторот на пионерската репрезентација.

Филип Петровски е 16 годишник кој како ученик е дел од спортската акедемија на Металург.

Кариерата ја започна во родното Делчево, играјки за екипата на Брегалница плус каде уште од мали нозе се забележуваше неговиот ракометен талент.

Во екипата на Металург, Петровски е центар а по потреба игра и лев бек.

Еве неколку фотографии од делчевскиот супер талент од последниот натпревар со Вардар.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*