Промовирана стихозбирката „Градот“ од роднокрајниот автор Билјана Начовски

Вечерва во Делчево беше промовирана стихозбирката „Градот“ од поетесата Билјана Начовски. Промоцијата беше во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“, чија директорка Билјана Петровска, истакна задоволство што витрините на библиотеката ќе ги краси уште едно дело напишано од роднокраен автор.
 
-Огромна чест и задоволство ми е што делчевската библиотека ќе се закити со уште еден нов наслов од наш роднокраен автор. Нејзиното дело од вечерва ќе се најде на полиците на библиотеката и ќе биде достапно за нашите читатели. Се надевам и посакувам роднокрајниот оддел на библиотеката што почесто да се закитува со нови наслови, рече Петровска.
Билјана Начовски претходно ги напиша „Акорди на моето срце“ и „Сила што ќе напише“, а ова дело како што истакна има вкупно 38 песни.
 
– „Градот“ е наградена стихозбирка по конкурсот од здружението „Златно перо“ во Битола. Во неа има 38 песни, дел од нив се автобиографски и се напишани за да можат на сите читатели да им се допаднат и да си најдат некоја своја песна, истакна Начовски.
За да се доживее „Градот“ на вистински начин, треба да се прочита збирката, истакна промоторот на вечерашната промоција, Анита Постоловски.
 
-Ја имав честа да бидам промотор на делото кое треба да се прочита за да ги рабранува чувствата во нас, и е напишана од срце опишувајки ги животните моменти, мигови, љубовта стравовите, професијата, нешто што сите не спојува во градот, нашиот град Делчево, истакна промоторот Анита Постоловски.
Во рамки на промоцијата, ученици од деветолетката „Св.Климент Охридски“ прочитаа дел од песните од „Градот“ за што од страна на авторот добија благодарници.

,,Градот" промовиран пред љубителите на поезијата од Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, March 1, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*