Одбележан Меѓународниот ден на жената во делчевската библиотека

Наместо пред мобилен и компјутер, родителите слобдоното време повеќе да го поминуваат читајки им на децата. Ова беше главната порака од денешното одбележување на 8 Март – Меѓународниот ден на жената во чии рамки делчевската библиотека им подари сликовници на дечињата од детската градинка Весели Цветови кои беа во посета на оваа установа. Како што истакна директорката на ЈЛБ „Илинден“ Билјана Петровска на ваков начин, дечињата се поттикнуваат од мали нозе да ја засакаат книгата.
-Преку оваа активност која ја реализираме заедно со градинката, сакаме да ги заинтересираме децата за книгата, да ги натераме заедно со нивните родители почесто да доaѓаат во библиотека. На тој начин сметаме дека наместо по цел ден да бидат пред компјутер или мобилен, децата поквалитетно ќе го поминуваат слободното време разгледувајки сликовници, а родителите на тој начин ќе можат да најдат неколку минути слободно време и да им читаат по нешто на нивните деца, истакна Петровска.
 

Во соработка со библиотеката, директорката на градинката Весели цветови, Билјана Симовска, најави дека ваквите активности ќе продолжат, се со цел, од мали нозе дечињата да го сфатат значењето на книгата. По повод Меѓународниот ден на жената, дечињата на сите припаднички од понежниот пол кои се вработени во библиотеката им подарија лични рачни изработки.

Меѓународниот ден на жената во библиотеката во Делчево одбележан со дечињата од детската градинка Весели Цветови

Posted by delcevo365.mk on Friday, March 8, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*