Во Делчево во тек екипирање на членовите на избирачките одбори за претседателските избори

Сите активности околу подготовките за одржувањето на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 21 април 2019 се одвиваат со вообичаената динамика и согласно насоките и роковникот донесен од страна на Државната изборна комисија. Ова денес на прес конференција го истакна претседателот на ОИК Делчево, Владимир Петровски кој потсети дека рокот за увид во избирачкиот список истекува на 14 март на полноќ.
 
-Општинската изборна комисија ги известува сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, тоа можат да го направат на официјалната страна на ДИК и во подрачната канцеларија на ДИК Делчево која се наоѓа во просториите на старото собрание. Согласно роковникот донесен од ДИК, рокот за увид во избирачкиот список истекува во четврток, 14 март во 24 часот. Освен тоа што се однесува до работата на Општинската изборна комисија тек е и комплетирање на членовите на Избирачките одбори по предлог на политичките партии и доекипирање на членовите на избирачките одбори од редот на државната администрација, соопшти Петровски.
Додава, дека сите активности околу подготовките за одржувањето на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 21 април 2019 (недела) се одвиваат со вообичаената динамика и согласно насоките на Државната изборна комисија и роковникот кој е донесен од нивна страна.
 
Согласно решението за распишување на избор за претседател на Македонија од 8 февруари 2019 година донесени од претседателот на Собрание на Република Македонија, а врз основа на член 31 од изборниот законик, Државната изборна комисија претходно го донесе роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на претседателските избори во Република Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*