Одлична игра на делчевки на регионалниот турнир во женски ракомет

Во Делчево денес се одиграа ракометни натпревари во женска конкуренција во рамки на Регионалната лига која ја организира Федерацијата на училишен спорт. За таа цел на теренот во спортската сала се натпреваруваа 4 екипи вклучувајки ги и домаќините, екипата од деветолетката Свети Климент Охридски од Делчево. Како што истакна претставникот на Федерацијата на училишен спорт, Горан Велков победниците од овој турнир во чии рамки по две недели ќе има уште една рунда во Свети Николе, ќе се пласираат во финалето, т.е, ќе бидат дел од Државната лига во ракомет.

delcevo365.mk: Кои се екипи учествуваат на денешниот турнир во Делчево?

Горан Велков: Денеска нашиот град е домаќин на регионалната лига во ракомет во женска конкуренција за основни училишта. Денеска тука се победниците на зонските лиги, екипите на ООУ „Свети Климент – Охридски“ од Делчево, Владо Кантарџиев од Гевгелија, Сандо Масев од Струмица, Свети Кирил и Методиј од Свети Николе. Денеска е прв турнир, ќе имаме за две недели уште еден турнир во Свети Николе. Двете првопласирани екипи ќе учествуваат во Државната лига во ракомет при Федерацијата на училишен спорт.

delcevo365.mk: Што можеме да очекуваме од нашите ракометарки, минатата година деветолетката Ванчо Прке беше победник во Државната лига во ракомет во женска конкуренција?

Горан Велков: Минатата година, нашето училиште, ООУ „Ванчо Прке“ беше победник во Државната лига во женски ракомет, при што бевме најдобри во зонската и регионалната лига, а потоа во финалниот натпревар од Државната лига во Битола го освоивме првото место. Бидејки Делчево е расадник на ракометни таленти, се надеваме дека и оваа екипа на деветолетката „Св. Климент Охридски“ ќе го обели образот на нашиот град и на нашиот клуб и ќе се пласираме на Државната лига од каде ќе се вратиме со добри резултати.

Во рамки на денешните натпревари екипата на училиштето домаќин „Св.Климент Охридски“ од Делчево со убедливи 24:7 ја совлада екипата на Св.Кирил и Методиј од Св.Николе, екипата на ООУ ,,Владо Кантарџиев загуби од екипата на ООУ “Сандо Мазев” со 10:16, додека во последниот натпревар екипата на ООУ ,,Св.Кирил и Методиј” бепе поразена од гевгеличани со 12:9. На табелата како првопласирана екипа со најдобра гол разлика заврши екипата домаќин.

Во Делчево одиграни натпревари од Регионалната лига во женски ракомет за основни училишта

Во Делчево одиграни натпревари од Регионалната лига во женски ракомет за основни училишта. Екипата на ООУ Св.Климент Охридски со убедлива победа продолжува во Свети Николе

Posted by delcevo365.mk on Friday, March 15, 2019

Дел од успешните акции на екипата на ООУ Св.Климент Охридски во рамки на денешниот Регионален турнир во женски ракомет

Дел од успешните акции на екипата на ООУ Св.Климент Охридски во рамки на денешниот Регионален турнир во женски ракомет

Posted by delcevo365.mk on Friday, March 15, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*