Доделени наградите за најдобра бизнис концепт идеја на Иновативниот камп во Делчево

Доделени наградите за најдобрите три бизнис концепт идеи во рамки на третиот Иновативен камп кој се одржа во Делчево. Бизнис идејата за електричен тротинет или електрични скутери кои ќе влијаат за намлување на загдувањето во поголемите градови, ја доби првата награда од вкупно трите награди кои ги додели жири комисијата.
 
-Нашата идеја со тротинетите е навистина потребна во Скопје и поголемите градови. Иако е мошне голем зафат за нас како деца од средно училиште,можно е во догледно време, доколку некој не ја реализира пред нас, даразмислиме и да се зафатиме со реализација на оваа идеја и нејзино преточување во стварност, истакна ученикот Петар Таневски кој беше дел од победничкиот тим.
За претставникот на жири комисијата Маја Колекеска од Националната агенција за европски образовни програми „Имобилност“ , од иновативниот камп произлегле прекрасни идеи кои навистина заслужуваат внимание во иднина.
 
-Лично бев изненадена за колку кратко време тимови од различни училишта, кои не се познавале немаат претходно и немале соработка, дадоа прекрасни идеи, кои што мислам дека можат понатаму и да најдат вистинска основа и навистина да заживеат во вистински бизниси. Јас ги охрабрувам учениците да размислуваат претприемнички и сите идеи да размислат како да ги преточат во реалност, а не да останат само на хартија, истакна Колекеска.
 
Настанот го организираа Џуниор Ачивмент Македонија и општина Делчево а истиот беше поддржан од УСАИД.

Прогласување на победниците за најдобра бизнис идеја во рамки на Иновативниот камп за средношколци кој се одржа во Делчево

Прогласување на победниците за најдобра бизнис идеја во рамки на Иновативниот камп за средношколци кој се одржа во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, March 27, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*