Во тек акција за гаснење на пожарите во Владимирово и Русиново

Гори површина од 1000 хектари во беровско Владимирово. Како што информира Александар Чамовски од шумската полиција во Берово во тек е акција за гаснење на пожарот кај месноста Материца во атарот на село Владимирово.

– Во акцијата за гаснење на пожарот активно учествуваат претставници на Шумска полиција и јавно претпријатие Македонски шуми како и месното население кое со земјоделска механизација ни помага во заобиколување на местото на настанатиот пожар. Површината е огромна и правиме натчовечки напори пожарот да биде локализиран. Апел до сите кои живеат во близина и од село Владимирово и од пошироката околија, ако се во можност да дојдат да помогнат, се со цел пожарот да биде локализиран, вели Чамовски.

Додека трае акцијата за гаснење на пожар во Владимирово, екипи на ТППЕ од Берово се наоѓаат на втората опожарена локација во беровски. Тие го гаснат пожарот кој избувна во атарот на село Русиново. ќ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*