Градскиот пазар во Делчево и оваа сабота останува затворен за посетители

Градскиот пазар во Делчево и претстојната сабота ќе биде затворен за посетители. На прашање кога повторно граѓаните ќе можат да ги купуваат основните продукти делчевскиот градоначалник Горан Трајковски одговори дека ќе се разгледува состојбата со новозаразени, по што ќе биде донесена одлука, дали евентуално од 16 мај 2020 пазарот би продолжил со работа.

-За евентуалното пуштање на пазарот ќе ја имаме во предвид ситуацијата со новозаразени лица и согласно тоа на заедниччки состанок на Кризниот штаб ќе одлучиме дали истиот повторно би проработил. Она што е сигурно е дека оваа сабота, 9 мај 2020 година, истиот согласно претходно донесената одлука на Кризниот штаб останува затворен за посетители, а доколку ситуацијата со коронавирусот го дозволува тоа ќе се разгледува можноста тој да биде пуштен во употреба на 16 мај 2020 година, рече Трајковски.

Во меѓувреме градоначалникот Трајковски апелира граѓаните со основните продукти да се снабдуваат исклучиво од локалните маркети и пиљари и при купувањето да ги следат насоките за заштита од вирусот Ковид-19.

Во Делчево до денес едно лице е позитивно на Ковид-19. Лицето се наоѓа на Клиниката за Онкологија, каде ја прима потребната терапија за лекување на вирусот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*