Денот на Европа одбележан пред споменикот на паднатите борци од НОВ во Делчево

По повод одбележување на 9-ти мај – Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот, Општина Делчево и годинава пред споменикот на паднатите борци од НОВ во центарот на градот организираше пригодна свеченост, по повод значајниот датум за македонската историја.

Претставници на општината, институции, политички партии и здруженија на граѓани присуствувајки на настанот и положија свежо цвеќе со што им оддадоа почит на загинатите делчевчани, а притоа пригоден говор за значајниот настан прочитаа членови на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево.

Свој придонес во организирањето на денешниот ден дадоа претставници на КУД „Гоце Делчев“ на чело со уметничкиот раководител Зенил Стручни Реџепов

-Во тешко извојуваната слобода, животите ги загубиле повеќе од 60 милиони луѓе од кои 24 илјади биле Македонци, до кои 153 делчевчани чии имиња се испишани на монументот посветен на нивната борба во центарот на градот. На денешниот ден со потпишување на безусловна капитулација на Германија, и официјално беше ставен крај на Втората светска војна, истакнаа во својот говор претставниците на КУД „Гоце Делчев“.

Поради мерките за заштита од болеста ковид -19, присутните носеа заштитни маски за лице, а беше запазено и растојанието од 2 метри за време на настанот.

Одбележување на 9 Мај – Денот на Европа

Одбележување на 9 Мај – Денот на Европа

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 9 May 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*