РЕГИОНАЛНО: Беровчани добија нов детски парк

По повеќе од 10 години уреден е уште еден простор во општина Берово, кој според надлежните долги години беше руина и грда слика на улицата ,,Партизанска”. Заврши изградбата на новиот детски парк, каде како што информираа од општината во текот на изминатиот период поставени се спортски реквизити за деца како и клупи за одмор и рекреација.

-Освен тоа, урбанизирана е парковска површина на којa се засадени нови зелени површини. Урбаното уредување и новите содржини за децата, но и за возрасните, станаа секојдневна работа на општинските служби, кои иако е време на пандемија, сериозно се подготвуваат за крајот на ограничувањата на движење, со надеж за почеток на туристичката сезона, информираа од општината.

Паркот е изграден во рамки на проектот ,,Збогатување на туристичката понуда, со изградба, уредување и осветлување”, кој што се реализира со средства од Програмата за регионален развој, преку Центарот за развој на Источно плански регион.

-Во рамки на овој проект обезбедено е и соодветно атрактивно осветлување, со што детската игра и уживањето во паркот ќе може да продолжува и во вечерните часови, дополнија од Општината.

Наскоро како што додадоа надлежните убавата слика во градот ќе биде надополнета и со уредувањето на кејот на реката Брегалница, кои активности се во тек преку Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*