Лекарски уверенија за возачки дозволи повторно со закажување ќе се издаваат од 19 мај 2020 година

Јавната Здравствена Установа ,,Гоце Делчев” од Делчево преку јавно известување информира дека од 19 мај 2020 година повторно со работа започнува Комисијата за лекарски уверенија за возачки дозволи.

Почетокот на работното време е од 7:30 часот, а уверенијата ќе се издаваат секој вторник со закажување на телефон 070-622-614.

Согласно препораките за ззаштита од Ковид-19 секој кандидат задолжително со себе треба да носи заштитна маска, пенкало и лична карта.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*