Продолжува асфалтирањето во руралните средини во М.Каменица

По асфалтирањето на повеќе локални патишта во селата Луковица, Тодоровци, Дулица, Моштица, Цера и паркинг просторите во урбаната средина, денес во Македонска Каменица продолжија градежните активности во останатите рурални средини.

Градоначалничката Соња Стаменкова која изврши увид во градежните работи, информираше дека во во тек асфалтирањето на платото пред подрачното училиште ,,Св. Кирил и Методиј” во село Саса.

-Исто така со градежните активности е опфатено и асфалтирање на пристапните патишта до училиштето и до дел од околните индивидуални живеалишта. Со целосната реализација на проектот е предвидено асфалтирање на кратки локални пристапни патишта со должина од 2730 метри во повеќето селски средини во општина Македонска Каменица, рече Стаменкова.

Средствата за реализација на проектот како што додаде, целосно се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица.

-Претходно, истотака со средства обезбедени од буџетот на Општината, заврши асфалтирањето на локалниот пристапен пат со должина од 400 метри во село Моштица, додаде Стаменкова.

Решавањето на инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, како што додадоа од општината, продолжуваат и во наредниот период

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*