Уште еден голем успех на пијанистот Кристијан Васев од Делчево. Младиот музичар ја освои втората награда на Меѓународниот он-лајн натпревар по пијано, организиран од Здружението на љубители на уметнички креации ,,УЉУС” од Смедерево, Р Србија, со што уште еднаш докажа дека станува збор за голем талент.
-Се работи за Меѓународнен он-лајн натпревар, кој секоја година во месец мај го организира ова здружение, но годинава поради вирусот Ковид-19 се одржа он-лајн. На натпреварот се претставив со дела од Јохан Себастијан Бах, Лудвиг Ван Бетовен и Фредерик Шопен. На мое големо задоволство го освоив второто место, рече Васев по повод добивањето на наградата.

Кристијан Васев кој е ученик во 3-та година во ДМУЦ ,,Сереј Михајлов” во Штип, како што додаде континуирано се подготвувал за овој натпревар преку он-лајн настава под менторство на неговата професорка Анита Љуботенска.
-Благодарност до мојот ментор за континуираната подготовка за вакви натпревари. Конкретно за последниот натпревар подоготвките беа преку он-лајн настава. Вежбам во домашни услови и се надевам во иднина на поголеми успеси, вели Васев.
Ова не е прва награда за младиот пијанист од Делчево. Минатата година Кристијан Васев на истиот фестивал го освои првото место и златниот медал, а Меѓународна награда има освоено и на Пијано Фест во Битола.

Leave a Reply