Историски зврчки: Потомците на Атанас од Царево село, сè уште ги чекаат парите од одземениот добиток во 1917 година!

Пишува Крум Николовски:

ИСТОРИСКИ ЗВРЧКИ LXXVI-ДЕЛ

К Н И Ж У Л Е

Ова парче хартија е најстариот пишан документ чуван од моите предци. На истиот пишува дека на мојот прадедо по татко Анастас Николов од Царево Село му се одземени 19 овци и 26 кози. Се случило тоа на 8 Март 1917 година. На крајот печат на кој пишува Царевско градско општинско управление. Прадедо ми Анастас дал аманет на неговиот син Ванѓе да го чува како доказ дека кога бугарите ке ја ослободат Македонија ке му бидат платени овците и козите. Сиромашен бил прадедо Анастас, само толку имал од ситна стока. Му останале воловите да ја ора сиромашната земја за да можат покасно да му земат уште повеќе. Не доживеал да му платат.

Книжулето го чувал син му Ванѓе (мојот дедо). По 24 години бугарите пак ја ,,ослободиле” Македонија, но пари за Книжулето не дале. Дедо Ванѓе починал млад на 50 г.

Пред да се родам јас. Книжулето го најдов на таванот од старата куќа во едно дрвено сандаче. Се обидов да пресметам за 103 години колку бугарската влада, како наследник на фердинандовата царска Бугарија им должи на прадедовите наследници. Го земав фактот дека од овие вкупно 45 грла половина биле женски и дека се чувани само по 10 г. Математиката ми излезе дека за првите 10 години стадото би броело повеќе од 1000 грла.

За останатите 93 години најверојатно бројот би бил неколку десетици илјади. Сето тоа да се помножи по 20 кгр. по грло и само по 1 евро жива мера, колку ли пари ми должи Бојко Борисов? Молам ако некој може да пресмета и да најде начин како да ја тужам,, ослободителката,, Бугарија му давам 10% од вредноста.

Линк до објавата: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1003272933385698&id=100011090024608

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*