Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општинa Берово и словенечката Општина Раденци

Потпишан Меморандум за соработка во повеќе области помеѓу Општинa Берово и словенечката Општина Раденци. Ова е прва средба помеѓу двете делегации, на која како што истакна граодначалникот Звонко Пекевски приоритет во разговорите ќе биде размена на искуства во делот на имлементација на европски проекти.

-Изразувам голема благодарност до градоналничкот Роман Лелјак, кој се отповика на нашата иницијатива. На овој прв состанок очекуваме размена на искуства со Општина која потекнува од Европската унија, со општина која е во претпристапните фондови. Целта е зависно од можностите и надлежностите, дел од проектите и средствата од Европските фондови да создадеме услови да бидат достапни за нас како Општина, истакна Пекевски.

Како прв човек на Општина Раденци, градоначалникот Роман Лелјак изрази подготвеност да споделат искуства за проектите кои ги имаат реализирано преку Европските фондови, преку кои само минатата година имаат искористено 8 милиони евра.

-Она по што сме познати повеќе од 150 години се термалните бањи „Раденска Три Срца“, а имаме и многу други туристички точки. Мислам дека од наша страна Берово ќе ја има полната поддршка во туризмот, економијата, земјоделството, образованието, области во кои ќе се обидеме да подготвиме заеднички проекти. Словенија како членка на ЕУ, многу добро работи со тие проекти, за што е показател сумата од 8 милиони евра, која ја имаме добиено во 2021 година, рече Лељак напоменувајки дека овде се и да научат повеќе за градот Берово, но и да го пренесат своето искуство, со цел да се постигне одредена добробит во корист на жителите од двете земји.

Претседателот на Советот на Општина Берово, Стево Суџуковиќ кој исто така беше дел од средбата очекува продолжување на понатамошната сорбаотка и збогатување на искуствата за равој на инудстриските гранки во Општина Берово.

Во знак на добрата соработка најавена е донација додели камион за чистење снег за потребите на Општина Берово. Првиот ден од посетата, гостите од Словенија го искористија за заедничка прошетка и запознавање со културно-историското наследство на Берово, а заеднички имаа можност да видат како се произведува сирење, во Млекара Малеш во с. Смојмирово, понатаму го посетија ТППЕ Берово, а имаа прилика да ги вкусат и традиционалните малешевски производи, подготвени од учениците од туристичката струка во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово.

Напомена: Материјалот е сопственост на www.delcevo365.mk. Забрането преземање содржини и видео материјал. За секое преземање ќе ви биде доставена фактура од 30 илјади денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*