Спорт365: Државен турнир во пинг-понг во Берово

Во салата ,,Македонски Бранители” денес стартуваше првиот од вкупно четирите турнири во пинг-понг, чиј домаќин овој и следниот викенд е Пинг-понгарскиот клуб ,,Зегин” од Берово. Турнирот за отворен ги прогласи градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски кој им посака среќа на сите 15 екипи од цела Македонија кои учествуваат на спортскиот настан.

-Посебно задоволство за мене како градоначалник, но и како граѓанин е што пинг-понгот како еден од најдинамичните спортови благодарение на младите ентузијасти и нивните тренери континуирано се развива и Берово може да се пофали со многу успеси како на Дежавно така и на Меѓународно ниво, рече Пекевски честитајки им на организаторите од Пинг-понгарската федерација што успеаа да привлечат голем број натпреварувачи кои уживаат во пинг-понгот како спорт. 

Во текот на денешниот ден следеше разигрување на учесници од 12 до 19 годишна возраст, кои утре (недела 13 февруари 2022) ќе ги одиграат финалните натпревари.

Следната недела на 19 и 20 февруари ќе се натпреваруваат пинг-понгари во У-12 и У-15 конкуренција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*