Ден на идеи за Голак во сабота во Делчево

Објава на Гоце Попов – Претседател на Совет на Општина Делчево

Почитувани сограѓани, Ве поканувам на ден 26.02.2022 година, (Сабота) во 12 часот во салата на Спомен Домот Асном во Делчево , на отворен разговор каде ке можеме да ги искажеме нашите идеи и мислења за заживување на планината Голак. Поканет е секој еден граѓанин кој има идеја за враќање на сјајот на нашиот единствен и незаменлив бисер. Во изминатиов период бев контактиран од голем број на наши сограѓани кои работат ширум светот и несебично се нудат да дадат свој придонес во развојот на оваа идеја. До мене како иницијатор веќе се доставени и идеи и видувања на наши сограѓани кои ке ги пренесам во целост на собирот. Сметам дека ваквиот начин на дебата и заедничко барање на решенија за проблемите ке придонесе за подобра комуникација и интеракција меѓу нас, како и инклузивност на секој граѓанин во општевството. Спремен сум да го слушнам секое мислење и идеја на било кој наш сограѓанин во Сабота и да се заложам во рамките на моите надлежности за реализација на дел од наведените идеи.
СЕЧИЕ МИСЛЕЊЕ Е ВАЖНО И МОРА ДА БИДЕ СЛУШНАТО!
Гоце Попов дипл.инж.арх.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*