Жители на село Бигла со барање да се зголеми бројот на улични светилки!

Објава на жители на село Бигла:

Вашиот портал е информативен и затоа сакаме да ја споделите информацијата дека во најголем дел од село Бигла немаме улично осветлување.

-Освен кај селската продавница каде продавачите сами си поставија уличната светилка и во едно маало каде улично осветлување беше поставено пред 7-8 години, видливоста во останатиот дел од селото е многу лоша. За да стигнеме до одредено место, користиме светилки на ,,батерии”. Во прилог ви праќаме неколку фотографии и се надеваме дека оваа објава која е добронамерна ќе допре до надлежните и овој проблем ќе се реши, велат жители на село Бигла.

Она што ние може да им го посочиме на жителите е да упатат официјално барање до надлежните (ако досега не испратиле), а истото и ние ќе го пренесеме на следната Седница на Совет за да биде евидентирана фактичката состојба на терен. Сме биле сведоци на исти барања на жители од Димовско Маало и други населени места каде се поставувале дрвени столбови, онаму каде било изодливо, со што во одредена мера се решени дел од ваквите проблеми. Сметаме дека ќе се изнајде заеднички јазик помеѓу мештаните и надлежните и наскоро ќе има подобрување на состојбата.

Во продолжение неколку фотографии кои ни ги пратија дел од жителите на село Бигла:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*