Одржани две работилници за изработка на Стратегијата за соработка на Општина Делчево со граѓанскиот сектор 2024-2028

Минатата недела претставници на локалната самоуправа и претставници на граѓански организации предводени од избраниеот експерт преку одржување на првите две еднодневни работилници го започнаа процесот на партиципативно креирање на Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор на Општина Делчево за периодот 2024 – 2028г.

На првата работилница присутните работеа на креирање на визијата на стратегијата и на одредување на приоритетни области на кои ќе се засова стратегијата. Потоа поделени во групи според избраните области се правеше SWOT анализа на секоја област посебно. Резултатите од групите потоа беа презентирани пред сите и заеднички се дискутираа за евентуани измени.

Втората еднодневна работилница која се одржа наредниот ден беше наменета за креирање на стратешките и програмските цели кои се клучни за овој стратешки документ. Врз основа на досега донесеното во текот на наредните две работилници ќе се изработува Акцискиот план за оваа Стратегија кој е клучен за нејзина квалитетна имплементација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*